ФОТО | Поранешната на Илон Маск брзо се утеши: Грајмс е во врска со трансжена

2 mins read

Само неколку часа по веста дека претприемачот и милијардер Илон Маск и пејачката Грајмс го добиле своето второ дете, кое наводно го родила сурогат-мајка, пејачката објави дека раскинале по вторпат.

На девојчето му дале необично име – Екса Дарк Сидараел, а нагалено ќе ја викаат Y. Илон и Грајмс веќе имаат едно дете, кое исто така има специфично име, X Æ A-Xii.

Музичарката по повод второто дете, зборуваше за односите со Илон Маск, дека сега се во некаква „флуидна релација што нема да ја разберат многу луѓе“.

Иако многумина мислеа дека контроверзната двојка ќе се смири, бидејќи нивната врска претходно беше бурна, сега во странските медиуми се појави веста дека Грајмс веќе извесно време е во врска со извесна Челси Менинг.

„Нивната врска станува сериозна. Тие живеат заедно во Остин“, рекол извор на американскиот портал „Пејџ сикс“.

Инаку, Челси Елизабет Менинг американска активистка, а порано била војник во армијата на САД. Меѓутоа, во 2013 година била осудена за прекршување на Законот за шпионажа и други кривични дела, откако на Викиликс му открила речиси 750.000 доверливи воени и дипломатски документи, а од 2010 до 2017 година била во затвор. Во една прилика изјавила дека отсекогаш имала женски родов идентитет, а порано се викала Бредли Менинг.

Илон Маск и пејачката Грајмс почнаа да се гледаат во 2018 година. Маск освен двете деца со Грајмс има и пет сина од бракот со Џастин Вилсон.

ФОТО | Второ бебе далеку од очите на јавноста: Илон Маск и Грајмс станаа родители на девојче

ФОТО | Второ бебе далеку од очите на јавноста: Илон Маск и Грајмс станаа родители на девојче

Илон Маск и Грајмс се разделуваат по тригодишна врска

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Седум болници во Украина се целосно уништени од руската инвазија

Следно

ВИДЕО: Барса со убедлив триумф го најави „Ел Класико“ во Мадрид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian