ФОТО | Најпродаваниот светски писател објави два твита за Украинците и Русите и разбесни многумина

2 mins read

Прочуениот бразилски и светски познат писател Паоло Коелјо се огласи на својот твитер-профил по повод украинската криза и даде многу интересен став по  повод оваа тема.

„Украинската криза е пригоден изговор за русофобија“, напиша Паоло Коелјо на својот твитер-прилог во првиот твит, а потоа додаде:

„Бев во Лавов, Киев, Одеса, Јалта, Чернобил (Украина). Поминав 10.000 км со воз, од Москва до Владивосток (Русија) Да, има војна: но не ги обвинувајте обичните луѓе“, напиша Коелјо во неговиот втор твит.

Овие твитови на Коелјо предизвикаа лавина коментари на оваа социјална мрежа и позитивни и негативни поради сите случувања во Украина, но и во Европа и целиот свет.

Да потсетиме, Пауло Коелјо е бразилски писател и еден од најпродаваните автори во светот. Некои од неговите најпознати дела се „Единаесет минути“, „Алхемичарот“, „Вештерка од Портобело“, „Демонот и госпоѓицата Прим“, „Захир“, „Аџилак“, „Валкири“, „Победникот останува сам“, „Брида“ и „Прирачникот за воинот на светлината“. Романот „Алхемичарот“ беше објавен во 1988 година, но стана популарен дури по 1990 година.

„Алхемичарот“ била таа која му ја донела сета слава, бројните награди, тиражот од 35 милиони примероци и најмногу преводи на книга за жив писател во светот. Интересно е тоа што Пауло токму овој роман го напишал за помалку од две недели.

Со текот на времето, продадени се 65 милиони примероци од оваа книга и таа стана една од најпродаваните во историјата. Преведена е на 67 јазици и е забележана во Гинисовата книга на рекорди како најпреведувана книга од еден жив автор.

Неверојатната приказна на Пауло Коелјо: Живеел во психијатриска установа и има необични ритуали за пишување!

Паоло Коелјо се откажа од книгата што ја пишувале заедно со Коби Брајант

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Турција нема да ѝ воведе санкции на Русија

Следно

Рајо ја прекина серијата порази, цел меч за Димитриевски против Севиља

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian