ФОТО | Конечно дома: „Најтажната принцеза на светот“ излезе од психијатриската болница

2 mins read

Иако нејзините обожаватели потајно се надеваа дека до крајот на јануари, кога ѝ е роденден, принцезата Шарлин од Монако конечно ќе ја напушти болницата и ќе се врати дома кај своите близнаци, тоа, сепак, не се случи.

Меѓутоа, сега, по неколкумесечна неизвесност, од Палатата на принцот Алберт во Монако пристигна добра вест – принцезата Шарлин конечно е со семејството. Сопругата на принцот Алберт се вратила дома од психијатриската установа во која беше сместена по доаѓањето од Јужна Африка.

Во официјалното соопштение се наведува дека лекувањето е успешно завршено и дека лекарите се задоволни од резултатите.

Сепак, Шарлин нема веднаш да се врати на своите обврски. По препорака на лекарскиот тим, кој продолжува да ја „надгледува“, таа ќе одмара дома со сопругот и децата. Се разбира, принцезата едвај чекаше повторно да биде мајка 24 часа на ден. Таа беше одвоена од близнаците повеќе од една година, вклучително и речиси осум месеци поради инфекција на увото и хируршките зафати во нејзината татковина, Јужна Африка.

Близнаците Жак и Габриеле ѝ недостигале повеќе од сѐна принцезата, а сè што сака сега е да го надомести изгубеното време. Сè уште ѝ се неопходни мир и тишина, се вели во соопштението од палатата, па принцот Алберт ги замолил јавноста и медиумите да ја почитуваат приватноста на семејството.

За Божиќ, од Палатата иформираа дека нејзиното закрепнување, сепак, ќе трае со месеци, што особено тешко им паѓа на нејзините деца, кои во последната година уживаа само во ретки моменти со својата мајка. Но сега, конечно, принцезата е со своето семејство.

Принцезата Шарлин веќе некое време не е видена во јавноста, а сега не се појави ниту на настан што никогаш не го пропушта

Вистината конечно откриена: Принцезата Шарлин не се враќа во Монако поради компликации по операциите

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нинова: Во Бугарија се создава вештачка тензија, нема недостиг на стоки

Следно

Чеферин: Нема причина да го исфрлиме Челси од Лигата на шампионите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian