За 24 часа починаа две фудбалски легенди на Партизан

1 min read

Фудбалска Србија и Партизан се завиени во црно откако во последните 24 часа починаа две клупски легенди, Драгољуб Јеремиќ и Небојша Вучичевиќ.

Јеремиќ почина денеска, но причините за смртта засега не се познати. Драгољуб Јеремиќ кариерата ја започна во 1997 година во Партизан чиј член беше се до 2007 година, а една сезона настапуваше и за екипата на Работнички (2006 година) како позајмен играч од црно-белите. Покрај тоа има настапувано и за Пансериакос во Грција, а има и четири настапи за репрезентацијата на поранешна СР Југославија.

Вчера на 59-годишна возраст почина и легендарниот фудбалер на Партизан, Небојша Вучичевиќ. На Вучичевиќ му се слошило додека играл мал фудбал, а починал како последица од мозочен удар.

Во професионалната кариера најголем белег остави играјќи за Партизан од 1984 до 1989 година, а има настапувано и за ОФК Београд, Мец, Саламанка, во Јужа Кореја во Даеву ројалс, во Папос, Мура, во БиХ, а на залезот од кариерата играше и футсал во Канзас сити.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Скандал во „Ѕвездите на Гранд“: Ѓорѓе Давид ѝ испраќал недолични пораки на натпреварувачка

Следно

Сали: Се уште не сме подготвени за укинување на ковид-мерките

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian