ВИДЕО: Јувентус дефинитивно се вклучи во трката за титулата во Серија А

1 min read

Фудбалерите на Јувентус ја остварија третата победа по ред во Серија А и полека но сигурно стануваат сериозна заказа за екипите кои досега беа фаворити за титулата.

Последна жртва на „старата дама“ е Сампдорија која е совладана со 1:3 и опасно им се приближи на Милан, Интер и Наполи во битката за титулата.

Резултатот го отвори Мајо Јошида кој си даде автогол во 23 минута, а 11 минути подоцна Алваро Мората од пенал погоди за 0:2 за Јувентус.

Второто полувреме, фудбалерите на Јувентус рутински го одработија иако домашниот тим во 74 минута намали на 1:2 преку Абделхамид Сабири. Конечниот резултат го постави Мората во 88 минута.

Јувентус со победата дојде до 56 бода, еден помалку од Наполи, два од Интер и четири помалку од лидерот Милан. Јувентус досега одигра 29 кола во Серија А, Наполи и Милан 28, додека Интер има одиграно 27 натпревари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кралска биографка обвинува: Принцот Хари ја омаловажува кралицата Елизабета

Следно

„ПeјПал“ ги суспендира своите услуги во Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian