ВИДЕО | Скандал во „Ѕвездите на Гранд“: Ѓорѓе Давид ѝ испраќал недолични пораки на натпреварувачка

3 mins read

Рок-музичарот Ѓорѓе Давид, кој е дел од жири-комисијата на „Ѕвездите на Гранд“, наводно ѝ испраќал недолични пораки и фотографии на една од учесничките во музичкото натпреварување, Мирјана Поповиќ. Девојката ја споделила скандалозната преписка со редакцијата на српски „Курир“.

„Тој комуницираше со мене преку Инстаграм. Разговаравме за натпреварувањето, за музиката, па ми го даде својот број. Го прашав за часови по пеење. Наскоро, тој почна да ми испраќа фотографии и снимки од местата каде што се наоѓа. Не ме интересираше. Бараше од мене да му испраќам свои фотографии, но јас грубо го одбив. Воочив дека неговото однесување станува многу безобразно, сметајќи се себеси за многу важен. Воопшто не ми беше јасно што сака од мене. Бурно реагирав. Му реков дека не сум заинтересирана за такви работи бидејќи, според годините, може да ми биде дедо. Ако е за ‘џиџи-миџи’, нека најде жени кои се постари од 50 години, па нека им испраќа такви глупости на нив“, изјавила Мирјана Поповиќ.

По бројните написи во медиумите, се огласи и самиот Ѓорѓе Давид.

„Ужасно грда ситуација, што да кажам? Не знам зошто некому му е потребна оваа приказна. Јас се допишував со оваа личност, таа ме контактираше, а не јас неа. Се скаравме кога почна да ме навредува за мојот кандидат, со кого се сретнавме и решивме да се шегуваме на нејзина сметка преку мојот телефон, но тоа беше во јуни минатата година. Зошто таа изреагира на овој начин дури сега, навистина не знам“, вели рокерот, објаснувајќи ја поврзаноста на поранешниот учесник на „Ѕвездите на Гранд“, Жарко Маџиќ со оваа ситуација.

Во меѓувреме, се огласи и Саша Поповиќ, основачот на продукцијата „Гранд“, кој ги демантираше наводите дека личност со име и презиме Мирјана Поповиќ некогаш се пријавила на „Ѕвездите на Гранд“.

„Медиумите напишаа дека била натпреварувачка во ‘Ѕвездите на Гранд’, а Саша Поповиќ и продукцијата го демантираа тоа – таа никогаш не се пријавила, ниту на онлајн аудиција, ниту на која било друга аудиција, што ја прави оваа ситуација сомнителна. Ако се пријавила под друго име, и тоа ќе го дознаеме бидејќи ова е мој сериозен приватен проблем. Јас живеам во вонбрачна заедница и ова е нешто што не ни е потребно ниту на мене, ниту на Ана. Од таа причина, јас ќе одам до крај, иако знам дека ќе потрае“, изјавил Ѓорѓе Давид за порталот на „Гранд“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вонредно обраќање на Зеленски: Бара итно да се ослободи градоначалникот на Мелитопољ (ВИДЕО)

Следно

За 24 часа починаа две фудбалски легенди на Партизан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian