ВИДЕО | Позитива на денот: Дечиња од градинка во Србија ја изведуваат песната на Констракта

1 min read

Српската пејачка Ана Ѓуриќ, позната како Констракта, беше навистина пријатно изненадување на годинашното издание на Беовизија, а нејзината песна „In Corpore Sano“, со која ќе ја претставува Србија на Евровизија во Торино, стана вистински хит во регионот.

Доказ дека оваа песна ја обожаваат сите, од 7 до 77, е и оваа слатка изведба на девојчињата од приватната градинка „Чупко“ во Белград.

„Тие се шашави девојчиња. Ние имавме дозвола од родителите за да ги снимиме овие видеа. Сепак, песната не ја избравме ние, туку девојчињата. Таа песна ја знаеле две недели пред победата на Беовизија, бидејќи Констракта е пријателка на Зои Кид. Неодамна, Зои ја објави детската песна „Тика така так“, заедно со хорот „Чаролија“, а во тој хор членуваат и некои наши девојчиња“, изјавиле од градинката за српскиот портал „24седум“.

ВИДЕО | Се огласи и Гоца Тржан за победата на Констракта: На луѓето им се сервира ѓубре, ова е одлична промена

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пленковиќ за паднатиот дрон: Ова е чиста закана, НАТО не реагираше, тоа нема да го толерираме

Следно

Челси пред распад, десетина фудбалери веќе имаат понуди да си заминат од „Стемфорд бриџ“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian