ВИДЕО | „Песната ни е свадбен подарок“: Геј пар се венчал со евровизиската песна на Васил Гарванлиев

1 min read

Тој и Гој се евровизиски фанови кои редовно објавуваат свои реакции на песните кои се избрани за ова музичко натпреварување. Неодамна, тие го споделија своето мислење за годинашната песна на Андреа, но и раскажаа дека минатата година биле толку многу воодушевени од песната „Here I Stand“ на Васил Гарванлиев, што ја избрале како една од главните песни на нивната венчавка.

„Ако не сте првпат на нашиот канал, најверојатно се сеќавате на нашата реакција на минатогодишната песна на Северна Македонија и на начинот на којшто Васил направи да се чувствуваме. Навивав за него да има успех на Евровизија, и знам дека луѓето велат дека песната е малку лигава, ла, ла, ла, но ако ја слушнете само инструменталната верзија на песната, ќе сфатите дека е прекрасна. Прекрасна. Таа беше една од главните песни на нашата венчавка. Ние сѐ уште сметаме дека Васил требаше да пее во финалето. Песната ја гледаме како вистински подарок од Васил за свадбата. И иако не сме го запознале, знаеме дека ќе го обожаваме во моментот кога ќе го запознаеме“, раскажуваат Тој и Гој.

„Вон ѕидовите”: Васил Гарванлиев, Туна, Фифи и Зоки Бејбе со добра музика ја поддржаа Парадата на гордоста

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„ПeјПал“ ги суспендира своите услуги во Русија

Следно

ВИДЕО: ММА борец по грешка нокаутира судија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian