ВИДЕО | Мајка ја расплака ќерка си на работа: Ве молам, кафе со млеко и 100 отсто без рак

1 min read

Емили Меја, која е вработена во познат ланец кафетерии, го доживеала најубавото изненадување на своето работно место. Тој ден таа мислела дека работното време ќе ѝ помине како и вообичаено, но неа ја изненадила нејзината мајка која ѝ ја направила најубавата нарачка.

„Дали може да добијам голема чаша кафе со млеко, со една доза еспресо и 2 отсто млеко… и еден третман со CAR T-клетки и 100 отсто без рак, ве молам“, нарачала мајка ѝ.

Како што може да се види на видеото кое било објавено на Тик-ток, Емили била воодушевена од веста и пуштила солзи радосници. Имено, нејзината 13-годишна сестра Меган се борела со тешка форма на леукемија, но, за жал, покажала отпорност на хемотерапијата. Сепак, терапијата со CAR T-клетки, која е нова и иновативна терапија против рак, ѝ помогнала на Меган.

Мајката на девојчињата изјавила дека ова кафе било највкусното кафе кое го испила во својот живот.

@emilylorraineee Finding out my 13 year old sister is cancer free at work @Starbucks #childhoodcancer #cancer #leukemia ♬ original sound – Emily Mejia

ВИДЕО | Шокантно: Поради вишокот килограми, не ми го дијагностицираа ракот навреме

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чешка бара помош од ЕУ за украинските бегалци

Следно

Откако не доби виза за САД, Ѓоковиќ повторно ги посети пирамидите во БиХ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian