Со 26 милиони денари ќе се реконструира улицата „Бутелска“ во Бутел

2 mins read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во текот на вчерашниот ден заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, изврши увид во состојбата на улицата „Бутелска“, во општина Бутел за чија реконструкција Градот Скопје има издвоено  над 26 милиони денари.

– Денеска сме тука во Бутел да извршиме увид во состојбата на дел од потегот кој Градот Скопје ќе го реконструира на улицата „Бутелска“, за чија намена имаме издвоено над 26 милиони денари од Буџетот на Град Скопје. Реконструкцијата на коловозот е во должина од 850 метри, ова е најпрометната улица во општина Бутел, во следниот период ќе биде извршено тендерирање за истата, а се предвидува истата да заврши во рок од 60 дена  од започнувањето на реконструкцијата. Целосно ќе се заменат оштетените тротоари и автобуски постојки по должина на автобуската, изјави градоначалничката Арсовска.

Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски истакна дека на овој дел од улицата кој не е реконструиран повеќе од 12 години е многу лоша состојба, а со нејзиното реконструирање се решава едно барање на граѓаните во овој дел од општината, а со ова го олеснуваме функционирањето и движењето на повеќе од 25.000 граѓани кои секојдневно транзитираат на овој потег.

– Задоволни сме што  Градот Скопје ќе го финансира реконструирањето на потегот на улица „Бутелска“, од вкрстувањето со ул. „Александар Урдаревски“ до приклучокот кон обиколницата. Овој дел од улицата не е реконструиран повеќе од 12 години и е многу лоша состојба, а со нејзиното реконструирање се решава едно барање на граѓаните во овој дел од општината и го олеснуваме функционирањето и движењето на повеќе од 25.000 граѓани кои секојдневно транзитираат на овој потег, изјави Дарко Костовски. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Ослободени македонските камиони кои беа запленети во Украина

Следно

Британско разузнавање: Руските сили се поблиску до Киев, се прегрупираат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian