Сејдини: Во 2021 година ги постигнавме најдобрите резултати во историјата на мак фудбалот

3 mins read

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини на денешното редовно енерално собрание на изрази задоволство од работата во изминатата година, притоа  потенцирајќи дека искрената и мотивирана работа се клучни за големите успеси и токму тоа е насоката за работа и функционирање во иднина.

– Да не беа сурови некои животни судбини, по сите остварени резултати во 2021 година, ова Собрание можеше да биде одржано во празнична атмосфера. Горд сум на постигнатите резултати на ФФМ и тоа е плод на заедничка работа.

Без желба да ги повторувам и набројувам успешните моменти од минатата година, сепак би сакал да ја искористам оваа прилика да им честитам на фудбалерите и селекторот на сениорската репрезентација за пласманот во баражот за СП бидејќи тоа е успех со кој може да се гордее секој фудбалер, тренер и административец во нашиот фудбал. Посакувам успех против Италија на 24. март. Бидете храбри и  предизвикајте го европскиот шампион.

Би сакал да им посакам успех и среќа на македонската репрезентација до 21 година и на селекторот Канатларовски во продолжение од квалификациите за Европското првенство. Се разбира, целите кои ги поставивме и во натпреварувањата во кои учествуваат помладите национални селекции ја имаат целата поддршка од федерацијата во намерата да ги остварат.

Имаме план и програма и одиме чекор по чекор. Наша цел е да продолжиме да вложуваме во инфраструктурата, но и да ја поттикнеме локалната самоуправа да се вклучат во помагање на клубовите, да бидат партнери.

Генералната стратегијата „Обединети од фудбалот“ мора да биде клучен документ кој треба да одговори во кој правец се движиме и како да се поставиме пред предизвиците кој ни доаѓаат. Не можеме вечно да живееме на стара слава и на пласманот на Европското првенство. Од ден на ден мораме да се стремиме кон подигнување на квалитетот на работа на федерацијата на сите нивоа и во сите сегменти. Работиме на многу проекти, на поконкурентна Прва лига, на единствена Втора лига, а во иднина и на пониските категории и женскиот фудбал.

ФФМ стои зад бројни натпреварувања за сениори, младинци, деца, за жени и футсал играчи. Низ стотина натпревари секој викенд се обидуваме да го одржиме фудбалот како најмасовен спорт во земјата. Ние секогаш ќе бидеме сервис на клубовите и целосна поддршка кога се во прашање фудбалските работи – изјави меѓу другото Сејдини во своето обраќање пред делегатите на собранието.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кети Пери победи на суд: Пејачката не мора да плати речиси 3 милиони долари за плагијат

Следно

СДСМ: Некој во Белиот дворец да му каже на Мицкоски дека кризата е поради агресијата врз Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian