СДСМ: Некој во Белиот дворец да му каже на Мицкоски дека кризата е поради агресијата врз Украина

1 min read

„Некој во Белиот дворец треба да му каже на Христијан Мицкоски дека кризата е поради агресијата врз Украина и последици врз енергетиката и економијата има во целиот свет. Мора ли ВМРО ДПМНЕ целиот свој политички активизам да го сведува на критика само заради критика, без ниту една идеја или реална издражност?“, реагираат од СДСМ на изјавите на лидерот на опозицијата.

„Така се однесуваше ВМРО-ДПМНЕ и за време на пандемијата, ширеше лажни вести и ги плашеше граѓаните, без да понуди никаква конструктивност, а така е и сега кога има глобална економска и енергетска криза.

Очигледно дека партијата на Мицкоски не научила ништо и нема намера да го смени своето дејствување кое е исклучиво на штета на граѓаните и државата.

400 милиони евра одвојува Владата за пакет од 26 мерки кои значат конкретна, реална помош за граѓаните и стопанството.

И додека СДСМ преку Владата и парламентарното мнзоинство носи мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието кочи и блокира, а нивните градоначалници парите на граѓаните ги трошат на непродуктивни трошоци и вработување партиски кадри по општините“, додаваат од Бихаќка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сејдини: Во 2021 година ги постигнавме најдобрите резултати во историјата на мак фудбалот

Следно

Над 30 граѓани денеска остварија средба со градоначалникот на Кисела Вода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian