Отворени пунктови за собирање хуманитарна помош за Украина

1 min read

Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ и Меѓународниот штаб за помош на Украинците отворија два пункта во Скопје за собирање на хуманитарна помош за Украина.

Првиот пункт се наоѓа на самиот плоштад Македонија, додека вториот е во магацинот на компанијата „Кодинг Горска“ во Ѓорче Петров.

Пунктот на плоштад Македонија ќе функционира секој ден од 08:00 до 20 часот, додека хуманитарна помош во пунктот во Ѓорче Петров може да се донира секој ден  од 10 до 19 часот, а во  сабота од 10 до 14 часот.

Од двете здруженија велат дека секаква помош е добредојдена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вардар се врати на Арената „Тодор Проески“ и победи

Следно

Макрон го повика Путин да ја прекине опсадата на Мариупол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian