Фудбалерите на Ливерпул славеа со 2:0 на гостувањето кај Брајтон во рамки на 29 коло од Премиер лигата.
Ливерпул со победата му се приближи на само три бода на лидерот на табелата Манчестер сити десет кола до крајот на сезоната, што е најава за супер возбудива трка битка за титулата.
„Црвените“ резултатот го отворија во 19 минута кога по додавањето од Матип, Луис Дијаз го совлада голманот на домаќините Санчез.
Конечниот резултат го постави Мохамед Салах со гол од пенал во 61 минута.