Легендарниот Сабонис е лут поради војната во Украина: Браќа убиваат браќа

1 min read

Легендата на светската кошарка, Арвидас Сабонис е шокиран поради војната во Украина. Сабонис во професионалната кариера настапуваше за репрезентацијата на поранешниот СССР, а по распадот играше за Литванија.

– Никогаш повеќе во животот нема да можеме да веруваме на овие лажговци. Никогаш повеќе нема да им верувам Тие се земја на мирот, но каде е сега тој мир? Ги бомбардирате децата и слободните луѓе. Останав без зборови – рече Сабонис.

Легендарниот центар откри дека редовно комуницира со Александар Волков кој настапуваше за селекцијата на Русија, но живее во Киев и се приклучи на украинската територијална одбрана.

– Според анкетите, 70 отсто од Русите ја поддржуваат војната, но се надевам дека во реалноста таа бројка е далеку помала. Во секој случај Русија покажа дека никогаш повеќе нема да можеме да и веруваме. Не знам како Украинците и Русите повторно ќе се натпреваруваат на спортските борилишта. Словени убиваат Словени, браќа убиваат браќа – вели Сабонис.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хороскопските знаци кои сите ги сакаат поради нивната добрина

Следно

Мицкоски: Мерките се задоцнети, нема драматично да ја подобрат состојбата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian