Кралска биографка обвинува: Принцот Хари ја омаловажува кралицата Елизабета

1 min read

Кралската биографка Анџела Левин смета дека принцот Хари ја омаловажува кралицата Елизабета Втора откако објави дека ќе ја пропушти комеморацијата за принцот Филип, нејзиниот покоен сопруг и негов дедо, поради правниот спор околу неговата безбедност и заштита за време на неговиот престој во Британија.

Портпаролот на Хари потврди дека принцот ќе ја прескокне комеморацијата на 29 март во Вестминстерската опатија, но се очекува да присуствува на игрите „Invictus“, кои започнуваат во Холандија само две недели подоцна.

Левин го обвини Хари за „уцена“ кога станува збор за комеморацијата за неговиот дедо, принцот Филип, со оглед на тоа што британската влада одлучила да му ја ускрати кралската заштита за време на неговиот престој во Обединетото Кралство.

Биографката смета дека со своето однесување Хари го омаловажува војводата од Единбург, принцот Филип, но дека „всушност ја омаловажува кралицата“, пренесуваат британските медиуми.

Портпаролот на принцот Хари не соопштил зошто Хари ќе ја пропушти комеморацијата, но рекол дека се надева дека наскоро ќе ја посети неговата баба.

ФОТО | Принцот Хари и Меган Маркл се на голема мака: Скапиот имот е во околина што „труе“ на скапани органи!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден и одобри на Украина одбранбена помош од 200 милиони долари

Следно

ВИДЕО: Јувентус дефинитивно се вклучи во трката за титулата во Серија А

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian