Халанд ќе ги откачи Барселона и Реал Мадрид и ќе се пресели во Премиер лигата?!

1 min read

Како наближува крајот на сезоната така се зголемуваат и шпекулациите околу идниот клуб на Ерлинг Халанд, а последните информации се дека следен негов клуб ќе биде Манчестер сити.

Весникот „Дејли Мејл“ тврди дека Халанд го избрал новиот клуб и на лето ќе потпише за Манчестер сити.
Ова сценарио според весникот е логично бидејќи неговиот татко Алф-Инге Халанд три години настапуваше за „граѓаните“, а на менаџерот Пеп Гвардиола му е потребен напаѓач од светска класа и наводно ги убедил челниците на екипата да не жалат пари за ангажман на фудбалерот на Борусија Дортмунд.

Откупната клаузула на лето ќе изнесува 75 милиони евра и оваа сума нема да претставува проблем за „граѓаните“ кои притоа ќе мора да платат по 20 милиони евра провизија на агентот Мино Рајола и таткото на играчот, Алф-Инге, а фудбалерот би го чекала плата од 20 до 25 милиони евра.

Доколку се реализира овој трансфер, со празни раце ќе останат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона кои досега беа главни фаворити за потпис со одличниот напаѓач кој сезонава постигна 23 гола на 20 натпревари.

Во Реал Мадрид се фокусирани на ангажманот на Килијан Мбапе кој на лето треба да пристигне како слободен играч, додека Барселона не може финансиски да се носи со Манчестер сити иако тренерот Чави Ернандез лично отпатува за Германија за да го убедува Халанд да потпише за каталонскиот тим.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Готвиме со Маја: Омлет сендвич и ролни со цимет

Следно

ДС: Круцијална е стабилноста на државата во услови кога на Балканот се раздвижени екстремистите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian