Омлет сендвич
Потребни состојки:
- 1/2 лажичка пециво
- 3 парчиња Бриош леб
- 4 јајца
- перца од млад кромид
- 6 парчиња свински врат
- 4 парчиња тост кашкавал
- малку свеж магдонос
- 1/2 лажичка сушен лук
- 1/2 лажичка мајчина душица
- 1 домат

Подготовка:
Изматете ги убаво јајцата. Ставете сув лук, мајчина душица и пециво перца од кромид. На загреана тава со путер ставете ги јајцата да се пржат и додека се уште течни одозгора ставете бриож леб и потопете го од двете страни и оставете да се пржи. Кога ќе биде доволно суво превртете ги јајцата како палачинка. Ставете одозгора кашкавал и сувомеснато и потоа преклопете за да направите пакетче. Сервирајте со домат и магдонос и прелијте со масло и зачинете со сол и бибер.
Ролни со цимет
Потребни состојки:
- 400 гр брашно
- 180 мл млеко
- 60 гр путер
- 1 јајце
- 3 лажици шеќер
- 1 сув квасец
- 1/2 лажичка сол
За фил:
- 100 гр путер
- 60 гр кафеав шеќер
- 2 лажички цимет

За прелив
- 10 лажици шеќер во прав
- 5-6 лажици млеко
Подготовка:
За подготовка на тестото, во сад растопете путер, ставете ги млекото и јајцето а потоа ставете ги и квасецот и шеќерот. Измешајте и додавајте го брашното постепено. Месете додека не добиете меко тесто. Оставете го да стасува околу 1 час на топло. Кога ќе биде стасано, размесете го благо и расукајте во кора со дебелина од половина сантиметар. Во еден сад растопете путер и ставете цимет во него. Со ова премачкајте ја кората по целата површина. Врз тоа попрскајте со кафеав шеќер и завиткајте во ролат. Плехот каде што ќе печете обложете го со хартија за печење и премачкајте ја хартијата со путер со цимет. Исечете еднакви парчиња од ролатот и редете ги во плехот. Ставете ги во загреана рерна на 200 степени и печете околу 30 минути. Кога ќе бидат готови се преливаат со кралска глазура.