ФОТО | Украинска мисица со тажно сведоштво: Немаше место каде што не експлодираа бомби

1 min read

Поранешната Мис на Украина, Вероника Дидушенко неодамна присуствуваше на прес-конференција во канцеларијата на адвокатката за женски права, Глорија Олред, на која го раскажа своето тажно патешествие додека бегале со нејзиниот син од Киев.

Мисицата се присетила на првиот ден од руската инвазија на Украина, на утрото кога се разбудиле со звуците на сирените и кога таа и нејзиниот син им се придружиле на илјадниците Украинци кои тргнале на пат кон евакуација.

„На патот кон украинската граница немаше место каде не свиреа сирени и каде не експлодираа бомби“, раскажала таа.

Убавата Украинка и нејзиниот седумгодишен син првично успеале да се засолнат во Молдавија, а оттаму се упатиле кон Женева, Швајцарија.

Дидушенко, која на настанот била облечена во боите на украинското знаме, изјавила дека таа и Олред дошле до заклучок дека случувањата во Украина се важна тема која треба да биде дискутирана на Меѓународниот ден на жената.

„Моментално, милиони украински деца и нивните мајки треперат од страв кога ќе го чујат секој звук во воените засолништа. Уште пострашно е дека жените раѓаат во такви услови“, изјавила мисицата.

Меѓу другото, таа истакнала дека Украинците се храбри и дека ја бранат својата татковина, но дека им е потребна уште поголема помош од другите држави.

„Украинците имаат храброст да ја бранат својата држава, но за да го запрат бескрајниот напад од север и од исток, очајно им треба помош во форма на оружје“, изјавила Дидушенко.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заврши 75-минутниот телефонски разговор Шолц – Макрон – Путин

Следно

Ливерпул ја продолжува трката со Сити за титулата во Премиер лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian