ФОТО: Нови сателитски снимки покажуваат разорни штети во Мариупол

1 min read

На сателитски фотографии направени од приватна американска компанија се гледа големо разурнување на станбена и цивилна инфраструктура во југоисточниот украински град Мариупол, јави Би-Би-Си.

Компанијата „Максар технолоџис“ (Maxar Technologies) соопшти дека пожари биле забележани во западниот дел на пристанишниот град и дека десетици високи станбени згради се сериозно оштетени од руските бомбардирања и гранатирања.

Претходно украинската армија соопшти дека руските сили зазеле предградие на Мариупол, кој е под опсада на руските сили повеќе од една недела, а во градот нема електрична енергија, гас и вода.

Советникот во украинското Министерство за внатрешни работи Антон Герашченко изјави дека рускиот генерал Андреј Колесников загинал во текот на борбите за Мариупол. Според украински тврдења тоа е трет руски генерал кој загинал во борбите. Смртта на Колесников не е потврдена од страна на руската армија.

Мариупол има стратешка позиција на брегот на Црното Море. Ако градот биде заземен, тогаш руските сили во Источна Украина ќе формираат копнен мост со московските трупи кои го нападнаа анектираниот полуостров Крим.

kurir.mk

Претходно

Откако не доби виза за САД, Ѓоковиќ повторно ги посети пирамидите во БиХ

Следно

ВИДЕО: Калулу го чува Милан на врвот во Серија А

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian