Ѕвездата на реалните шоуа, Ким Кардашијан со објава на Инстаграм ја потврди врската со комичарот Пит Дејвидсон. Покрај тоа што објави неколку романтични фотографии со нејзиното момче, таа го тргна презимето Вест на социјалните мрежи по разводот со раперот Канје Вест.
„Чиј автомобил ќе го земеме?“, стои во описот на фотографиите кои ги објави Ким.
На една од фотографиите, Пит е легнат во скутот на Ким и заљубено гледа кон својата партнерка.
Овој нов холивудски пар доби бројни позитивни коментари од луѓето кои ги поддржуваат, а една од нив е и сестрата на Ким, Клои Кардашијан.
„Ми се допаѓа ова“, кратко искоментира Клои.