Фудбалерите на Брентфорд го совладаа Барнли со 2:0 во 29 коло од Премиер лигата со уште една одлична партија на Кристијан Ериксен.
Гостите одолеваа на нападите на фудбалерите на Брентфорд се до 86 минута кога на сцена стапи Ериксен кој со одличен центаршут го пронајде Тони на кого не му беше тешко да го совлада Поуп.
Данецот има заслуги и за вториот гол, одлично го проигра Тони во празно по што напаѓачот беше фаулиран од Колинс во шеснаесетникот на Барнли, а судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше токму Тони.
Со триумфот, Брентфорд избега на девет бода од опасната зона во која се наоѓа Барнли.