Британско разузнавање: Руските сили се поблиску до Киев, се прегрупираат

1 min read

„Голем дел“ од руските сили сега се на 25 километри од центарот на градот на Киев, соопшти британското Министерство за одбрана во последниот разузнавачки извештај.

Во проценката се додава дека големата руска колона северно од главниот град се распрснала – „веројатно во обид да го опколи градот“.

„Тоа, исто така, може да биде обид на Русија да ја намали својата ранливост на украинските контра напади, кои нанесоа значителна штета на руските сили“, соопшти британското Министерство за одбрана.

Во извештајот уште се додава дека градовите Чернигов, Харков, Мариупол и Суми се опколени и се соочуваат со силно гранатирање.

Во меѓувреме, украинското Министерство за одбрана утринава објави видео на кое, како што информира, се гледа како се „непријателските сили на пат кон Киев се уништени со воздушен напад“.

„Непријателскиот контролен пункт во правец на Киев е уништен. Нашите воздушни сили работат“, напиша Министерството во описот на снимката.

Автентичноста на снимката засега не може да се потврди од независни извори.

kurir.mk

Претходно

Со 26 милиони денари ќе се реконструира улицата „Бутелска“ во Бутел

Следно

Рама за протестите во Албанија: Ова не е народ, туку малцинство кое бара хаос

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian