Фудбалерите на Леванте одиграа 1:1 на домашен против Еспањол во 28 коло од Ла Лига. И покрај освоениот бод, Леванте за кого настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди, е последен на табелата со 19 бода, пет помалку од позицијата која носи опастанок во Ла Лига.
Резултатот го отворија гостите во 59 минута преку Пуадо и тоа од единствениот удар кој заврши во рамките на голот.
Домашните фудбалери подобрата игра успеаја да ја крунисаат со гол на 10 минути до крајот на средбата и тоа да се спасат од пораз. Голот за надеж го постигна Гомез.
Барди ги одигра сите 90 минути за домашниот тим.