Абрамович може да го продаде Челси, но само под еден услов

1 min read

Роман Абрамович и владата на Обединетото Кралство наводно постигнале договор да се продолжи со процесот на продажба на Челси.

Абрамович на кого му беше замрзнат имотот во Обединетото Кралство, а со тоа и Челси, ќе може да го продаде клубот само доколку се откаже од кредитот од 1.5 милијарди фунти што го дал на „сините“.

Англиските медиуми пишуваат дека рускиот милијардер се согласил на овој услов по што се очекува продажбата на Челси да продолжи според предвиденото.

Првите официјални понуди за купување се очекува да бидат доставени идната недела, а засега интерес има од англискиот милијардер и навивач Челси, Ник Кенди, конзорциумот предводен од Тод Боли и Хансјорг Вис од турскиот милијардер Мухсин Бајрак, и од малцинскиот сопственик на акциите на Кристал Палас, Џош Харис.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Искрено со Аниса Ејуп Беќировиќ-Трпчевска: Мојот Адам можеби никогаш нема да прозбори и да рече „мамо, те сакам“

Следно

Маричиќ: Го штитиме стандардот на граѓаните и економијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian