Вечерва во рамките од 28 коло во најсилното шпанско првенство составот на Атлетико Мадрид дома со 2:1 го совлада Кадиз.
„Јорганџиите“ уште во третата минута од натпреваро стекнаа водство преку Жоао Феликс, негов шест гол сезонава во „Ла Лига“.
Пред паузата гостите успеаја да израмнат со погодокот на Негредо, додека во 68 миниута Де Паул се погрижи за враќање на позитивата на домаќините.
Во 88 минута составот на Диего Симеоне остана без еден играч на теренот поради црвениот картон на Серано. Головите од натпреварот можете да ги погледнете ТУКА
Ова е вкупно 15 победа, трета по ред за Атлетико и моментно трето место со 51 бод, зад водечките Реал Мадрид (63) и Севиља (55) кои имаат по еден меч помалку.
Кадиз до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок, ја зазема 18 позиција со 24 бодови во опасната зона за испаѓање.