ВИДЕО | „Гладни сме“: Отворањето на првиот Мекдоналдс во Русија во 1990 година

1 min read

Првиот ресторан на Мекдоналдс во Русија бил отворен пред 32 години, а овој стар прилог на „CBC“ сведочи дека Русите биле со поделени ставови околу пристигнувањето на најголемиот синџир на ресторани за брза храна во светот.

Штом основачот на канадската франшиза, Џорџ Кохон ја пресекол големата црвена лента, гостите веднаш се упатиле кон касата каде ги нарачале популарните оброци на овој американски ресторан за брза храна.

Пред камерите на „CBC“, повозрасен господин искоментирал дека воопшто не му се допаднала храната и дека „воопшто не е руска“.

Една московјанка споделила дека не знае што јаде, но дека е невообичаено и дека е вкусно.

„Сите сме гладни во овој град, потребни ни се повеќе вакви места. Во нашите продавници нема ништо“, признала таа.

На почетокот било најавено дека ресторанот ќе служи 15 000 оброци дневно. Но, излегло дека оброците на Мекдоналдс не се евтина храна за Русите – просечното мени чинело дури половина од просечната дневница.

ФОТО+ВИДЕО | Русите полудеа по затворањето Мекдоналдс: Купуваат бургери онлајн за 300 евра

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кирби: Не видовме докази за белоруски трупи во Украина

Следно

ВИДЕО: Продолжува победничката серија на Атлетико во „Ла Лига“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian