Украинскиот војник е хит на „ТикТок“: Објавува видеа за неговата ќерка да знае дека е жив

3 mins read

Украинскиот војник Алекс Хук објавува видеа на социјалната мрежа „ТикТок“ за да ѝ покаже на својата ќерка дека е жив и да ја забавува, додека тој во реалноста се бори за својата татковина.

Имено, Алекс и неговата ќерка се забавувале танцувајќи и снимајќи видеа за „ТикТок“ за време на пандемијата. Тоа им преминало во омилена активност, но за жал, периодов не можат да снимаат видеа и многу си недостасуваат.

@alexhook2303 #🇺🇦🇺🇦🇺🇦🇺🇦🇺🇦🇺🇦🇺🇦 #🇺🇦🇺🇦🇺🇦💙💛 #Топ #Рек #украинатикток #славаукраїні #Армия #ООС ♬ Smells Like Teen Spirit – Nirvana

Видеата што Алекс сега ги снима за својата ќерка имаат над 60 милиони прегледи, а многумина коментираат дека неговиот профил на „ТикТок“ стана еден вид воен дневник.

@alexhook2303 #🇺🇦🇺🇦🇺🇦🇺🇦🇺🇦🇺🇦🇺🇦 #🇺🇦🇺🇦🇺🇦💙💛 #Топ #ЗСУ #Рек #украинатикток #украинатикток #славаукраїні #Армия #ООС ♬ оригинальный звук – Tik Toker

Хук на „ТикТок“ сега го следат 4,3 милиони корисници, а многумина се загрижени кога не објавува видео.

„Живи сме. Продолжуваме да се бориме за независност на Украина“, им порачува Алекс на своите следбеници на дневна основа.

@alexhook2303 #🇺🇦🇺🇦🇺🇦🇺🇦🇺🇦🇺🇦🇺🇦 #🇺🇦🇺🇦🇺🇦💙💛 #Топ #ЗСУ #Рек #украинатикток #славаукраїні #Армия #ООС #огонь ♬ πρωτότυπος ήχος – Giannis Karaolis

Тој често објавува видеа на кои танцува во воена униформа за да ѝ го разубави денот на својата ќерка, а луѓето му се восхутуваат на енергијата и го поддржуваат во она што го прави.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарските социјалисти против нивното небо да го чуваат холандски воени авиони

Следно

ВИДЕО: Македонскиот кошаркар Јакимовски прв стрелец во новиот меч за Вашингтон стејт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian