„Слободен печат“: Европа не е безбедна, Балканот особено!

4 mins read

Во печатеното викенд-издание на „Слободен печат“ читајте:

Војната во Украина го дестабилизира целиот континент – Европа не е безбедна, Балканот особено! Самитот на ЕУ во Версај не им испорача забрзана перспектива ниту на Украина, Грузија и Молдавија, кои побараа членство по руската инвазија врз Украина, но  ниту на земјите од Западен Балкан.

Контрадикторност Одговорот на Владата спротивен на изјавите на министерот: Ковачевски бил информиран од Османи за средбите со Баздникин?! Дилемата дали можеби шефот на дипломатијата остварил средба со рускиот амбасадор се отвори по одговорот за „Слободен печат“ од Владата дека премиерот не се сретнал со Бадзникин, но тоа го сторил Османи, а за содржината на разговорите Ковачевски бил детално информиран.

Македонија недоволно се грижи за засолништата. Во Скопје има 12 скривници, ама само пет веднаш употребливи. Засолништата низ Македонија во најголем дел се запуштени, обраснати со дрвја и полни со смет. Во случај на вонредна состојба, луѓето нема да можат да ги користат. Дел од градското засолниште во Струмица станало уметничка галерија, а во Штип во засолниште се влегува преку кафуле. На повеќе места скривниците се изнајмени за магацини или за сали за вежбање.

Економија – Министерот за економија Крешник Бектеши уверува: Србија нема да ни извезува пченица, но ние имаме доволно свои резерви. Само во последните 10 дена е направен извоз на масло од сончоглед од 416 тони, извезени се 700 тони пченка и околу 350 тони брашно

Свет – Лидерите од Приштина и од Сараево за лондонски „Гардијан“ Косово и Босна стравуваат дека Русија ќе отвори нов фронт на Балканот. Косовскиот премиер Албин Курти тврди дека Русија, по воената инвазија врз Украина и економската и дипломатска војна со Западот, има интерес да отвори нови фронтови „за да не мора да му се врати на мирот“

Украина Ги помешале двата Јаруна во Украина и во Хрватска? Дупка во небото на НАТО – дрон од украинскиот фронт се урна среде Загреб! Останува отворено прашањето како радарите и противвоздушните системи на три членки на НАТО не предупредиле дека на нивното небо лета модификуван крстосувачки проектил со брзина од 900 километри на час

Скопје – Спротивни ставови за предложениот ДУП за Влае 2: Борба за Влае“ предупредува на „бетонизација“, Јакимовски обвинува за лаги и манипулации. Од иницијативата „Борба за Влае“, формирана токму во периодов кога трае јавната анкета за овој ДУП, ги повикаа  граѓаните масовно да пополнуваат анкетни листови и да ги изнесуваат своите забелешки за планот.

Здравје – Што велат лекарите – Ако никогаш не сте имале ковид-19, какви се шансите да се заразите во иднина?

Спорт – Во пресрет на баражот за пласман на фудбалското СП 2022: Манчини: Мечот со Македонија ќе биде најтежок. Селекторот на „аѕурите“ зборуваше за претстојниот меч Италија – Македонија што треба да се игра во Палермо каде што домаќинот очекува максимална поддршка од трибините. Организаторот бара од властите да дозволат максимално да се наполнат трибините.

Интервју во специјалниот прилог Културен печат. Иван Јерчиќ, директор на Народен театар – Битола, за „Културен печат“ Не можам да одам подалеку од мојата визија за добар театар.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Е. Пелистер има најдобра одбрана во Лига Европа

Следно

Ѓоргиевски: Квалитетен и редовен јавен превоз за граѓаните од Кисела Вода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian