Што треба, а што не треба да јаде секој хороскопски знак?

2 mins read

Велат, здравјето преку уста доаѓа – а тоа значи дека храната што ја внесуваме, влијае на нашето здравје, расположение и добросостојба. Сепак, за да знаеме што ни годи, а што не, некогаш треба да ги консултираме и ѕвездите…

Што е погодно, а што треба да се избегне во исхраната за секој хороскопски знак?

Така на пример, Овновите треба да јадат повеќе бело месо и сезонско овошје. Пожелно за Биковите е да конзумираат телешко месо, црвени бобинки и домати. Близнаците добро е да јадат јаткасти плодови, брокули и карфиол. Раковите е важно да јадат грозје, зелка, морска и езерска храна. Лавот најубаво е да јаде зелени лиснати зеленчуци, дивеч и зеленчук. Девицата најдобро може да си го украси менито со ореви, леблебија, кајсии и грав. Вагите треба да внесуваат овошје и зеленчук во изобилие. Скорпиите нека јадат диња, тиквица, риба. За Стрелците е корисно да јадат урми, свежа зелка, печени костени. Јарците мораат да внесуваат свежо сезонско овошје и зеленчук. Водолијата би било добро да внесува многу цвекло, репка, морска храна. Рибата треба да јаде ореви, морски плодови, зелено овошје и зеленчук.

Овен

Родените во овој знак треба да се многу внимателни со лута и презачинета храна. Добро е да избегнуваат и солени јадења.

Бик

Нажалост, бикот мора да се одрече од најголемото искушение – пржен компир.

Близнаци

Близнаците треба да се простат од преработена храна, силно кафе, но и слатки со рафиниран шеќер.

Рак

Солена и многу мрсна храна – заборавете. Внимавајте и со тестенините.

Лав

Внимавајте на внесот на кашкавали, сирења и јајца.

Девица

Масната храна не е за вас. Пробајте одвреме навреме да држите диета без месо и млечни производи.

Вага

И вие исто така треба да избегнувате мрсно месо. Истото се однесува и на газираните пијалоци.

Скорпија

Претерувате со зачини, а внимавајте и на млечните производи

Стрелец

Чајни, колбасици, сувомеснато… Сето ова ви е непријател број 1.

Јарец

Добро би било да ограничите внес на овошје со многу шеќер. Пазете и со алкохолот.

Водолија

Забранете си чоколада и кафе, тоа ви е најголемиот порок

Риби

Избегнувајте храна со многу квасец, пецива, пресолени работи и мрсно.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Американската потпретседателка го пофали романскиот одговор на миграциската криза

Следно

Куп: Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Јуниор КВ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian