Прва лига: Пелистер едвај го совлада вториот тим на МЗТ

1 min read

Одличeн отпор дадоа младите кошаркари oд Аеродром, загубија во последните две минути против водечката екипа на табелата (99:89), Пелистер.

Сериозен отпор пружија младите кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром. Скоро 40 минути беа рамноправни во играта против водечката екипа на табелата, која се извлече и на крајот стигна до планираната цел – победата, за нив 17 во Првата лига.

За битолчани доминираше Малешевиќ со 28 поени (пет асистенции), а Кесар постигна 20 поени (осум скокови).

На спротивната страна Ренсом постигна 32 поени (пет скокови, четири украдени топки), додека Митевски запиша 26 поени.

На табелата Пелистер е на водечката позиција со 35 бодови, додека вториот тим на МЗТ е на 11 место со 20 бодови.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 18. КОЛО

Пелистер – МЗТ Скопје Уни Банка 99:89

12 МАРТ (САБОТА):

18.00: Кожув – Куманово 2009

18.00: ТФТ – Гостивар

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Ангели

19.30: Навико Академија ФМП – Работнички

13. МАРТ (НЕДЕЛА):

20.30: Феникс 2010 – Еуро Никел 2005

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Колку деца има Илон Маск?

Следно

Фрчкоски не е кривично осуден за ниту едно дело, вели Пендаровски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian