Подобра инфраструктура и помош за самохраните мајки од Центар, најави Герасимовски

1 min read

Подобри инфраструктурни решенија, намалување на новите градби и помош за самохраните мајки, побараа граѓаните од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Герасимовски, кој е во постојана комуникација и директни средби со граѓаните, на вчерашниот отворен ден ги ислуша сите барања, потреби и предлог решенија кои центарци ги изнесоа пред него.

„Единствено директната средба со граѓаните ми дава реална слика на она кое е предмет на дискусија. Затоа, оваа лична комуникација со нив ќе остане моја пракса до крајот на мандатот. Впрочем, за овој изминат период токму преку овој начин на комуникација решивме многу проблеми. Ние, слушајќи ги граѓаните излегувавме на терен, правевме увид во состојбите и наоѓавме решенија. Дел од проектите на кои работевме или сѐ уште се работат се токму по нивна сугестија“, изјави Герасимовски.

По барање на Герасимовски, на сите средби кои ги одржува со жителите е придружуван од претставници од секторите во општината, со цел граѓаните прецизно и веднаш да добијат одговор на поставените прашања.

Токму затоа, Општина Центар ги повикува сите жители кои се заинтересирани и сакаат да присуствуваат на идните отворени денови со градоначалникот, своето присуство да го најават со повик на телефонските броеви: 02 3203 682 и 075 219 173, порачаа од општината. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Владина делегација положи цвеќе пред спомениците на депортираните македонски Евреи

Следно

Цените на храната може да „скокнат“ и до 20 отсто поради конфликтот во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian