Петар Грашо откри детали од венчавката со Хана и медиумскиот интерес: Го зеде моето презиме, но…

2 mins read

Петар Грашо за првпат јавно ја коментираше венчавката со Хана Хуљиќ која се случи неодамна и откри како се чувствувал за време на медиумскиот хаос околу нив.

„Ако постојат двајца луѓе кои сакаат помалку да бидат експонирани надвор од нивната работа, тогаш тоа сме Хана и јас. Морам да кажам, медиумите само си ја вршеа својата работата, не сум дипломат, не се додворувам. Разговарав со новинари и пријатели и им велев „Луѓе што повеќе?“ и ми кажаа дека нашите вести имаат најмногу кликови“, рече тој за време на гостувањето на „RTL Direkt“.

„Ние бевме само двајца луѓе кои сакаа да се венчаат во кругот на пријатели. Направивме мала грешка. Колку повеќе се затворавме, толку повеќе бевме опкружени. Тоа е животот… Ми беше важно тонот да е поважен од сликата. Кога требаше да дојдеме во црквата, бевме принудени да дојдеме со автомобил, што и мене ми изгледаше чудно. Замислував дека оваа убава работа ќе ја направиме фатени за рака, одејќи низ градот…“, откри Петар.

„Но, видов толку многу новинари, блицови, телевизиски екипи и луѓе што во еден момент навистина помислив дека тоа е некаква скриена камера, дека сега сите ќе речат: „Еј, не сте толку важни, ние само се шегувавме“. Изгледа дека навистина бевме важни тој месец. Луѓето кликаат, и додека луѓето кликаат Грашо и Хана ќе бидат во медиумите“, додаде тој.

Слатко исчекување: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го открија полот на бебето

„Хана се презива Хана Хуљиќ Грашо бидејќи никогаш не сум им робувал на мачо варијантите дека жената треба да го носи само машкото презиме. Живееме опуштен и изненадувачко лежерен живот. Луѓето веројатно не можат да го сфатат тоа од медиумите. Лежерен во приватната сфера, а околу мене секогаш авиони, сали, концерти и затоа можам да бидам со пријателите, а да нема блицови“, заклучил тој.

ФОТО | Петар Грашо насмеан од уши до уши на венчавката со Хана: Се чувствувам како вистински маж!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Француските аналитичари сметаат дека руската армија била слабо подготвена за нападот врз Украина

Следно

ВИДЕО: Дибиров во Топ 5 голови и во тимот на колото во Лигата на шампионите

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Успехот во економијата на оваа криминална власт предводена од СДСМ и ДУИ е четвртото место за Македонија на ранг листа за мерење во Европа со 16% инфлација

Катастрофата во справувањето со економската криза на неспособната власт на СДСМ ја плаќаат граѓаните. За месец

MacedonianEnglishAlbanian