Пендаровски откри зошто не прифаќа средба со рускиот амбасадор Баздникин

1 min read

Претседателот Стево Пендаровски вечерва информира дека нема да се сретне со рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.

-Имаме само две реченици разговор при положувањето на венци на гробот на Борис Трајковски. Тогаш се ракувавме и тој само ми рече дека се надева дека ќе се видиме во наредниот период. Нема да се видиме затоа што има една фраза која е соддржана во четвртиот пакет санкции на ЕУ и САД. Таму постои формулација, која што гледам медиумите слабо ја објавуваат, дека тие кои се приспојуваат кон санкциите треба и дипломатски да ја изолираат Руската федерација, рече Пендаровски во емисијата „Топ тема“. Одговарајќи на прашањето што е со рускиот капитал во земјава и дали се предвидуваат некакви санкции за тие руски компании, претседателот рече дека не се санкционирани сите руски бизнисмени низ светот.

Коментирајќи го инцидентот со украинскиот дрон кој се урна во Хрватска, за кој се води истрага и во НАТО, Пендаровски рече дека тој дрон е помал од малите авиони, има мала рефлексија на радарите и лета ниско.

„Македонија има системи, сепак, тие не се доволни, а нашето небо го обезбедуваат други држави кои имаат подобри системи“, рече Пендаровски.

„Македонија сама не може да детектира таков дрон и не би можеле да го срушиме навреме, сепак во вакви судири, каде голема земја напаѓа исто така голема територија како Украина, можни се намерни и ненамерни случаи“, посочи претседателот Пендаровски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МЗТ Скопје Аеродром ќе биде домаќин на завршниот турнир во АБА2 лигата

Следно

Си-Ен-Ен: Трет руски генерал е убиен од украинските сили, соопштија западните власти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian