Османи: На Унијата ѝ е во директен интерес целосно да го интегрира регионов

1 min read

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во рамки на учеството на Анталија дипломатскиот форум, денеска се обрати на панелот насловен „Дијалог за помирување на Балканот”, на кој говореше за влошената безбедносна и гео-политичка ситуација на во Европа по инвазијата на Русија врз Украина, што, како што оцени, претставува дополнителен фактор зошто ЕУ треба итно и без одлагање да вбризга нов подинамичен моментум во евро-интеграцискиот процес на сите земји од Западен Балкан.

Османи истакна дека регионот и покрај демократските дефицити и слабости има важна улога во и за Европа.

– Целосното интегрирање е од директен политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ како геостратешка инвестиција кон стабилен и просперитетен регион. Впрочем, регионот е опколен со земји членки на ЕУ и не смее да се дозволи да биде ранливата точка на континентот, а ЕУ не смее повеќе да го третира пристапниот процес на Западен Балкан како отворено прашање, посочи Османи.

Учесниците на панелот дискутираа за мирот и стабилноста на Балканот како суштински за мирот и стабилност во Европа и пошироко, за исчекор во однос на нерешените прашања, но и за последиците доколку ЕУ не успее навремено да одговори на очекувањата на земјите од регионот.

Форумот претставува годишен собир на политички лидери, високи функционери, видни академци, креатори на јавното мислење, претставници на медиумите и бизнисот ангажирани во меѓународните односи и дипломатијата.

Овогодинешното издание се осврна широк распон на теми и на светските случувања, вклучително и Украина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Промена на правилата во изборот за „Златната топка“

Следно

ОН нема сознанија за постоење наа некоја програма за биолошко оружје во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian