Српската пејачка Марија Шерифовиќ, која е дел од жири-комисијата на „Ѕвездите на Гранд“, откри зошто учесниците во ова музичко натпреварување не смеат да ги изведуваат песните на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ. Имено, тоа било желба на неговата вдовица, Оливера Балашевиќ, објави „Мондо“.
„Прво Ѓорѓе Давид имаше проблеми, а и мене ми се случи кога Махир пееше песна на Ѓорѓе Балашевиќ. Имаше такви проблеми и порано, но, не знам од која причина, ни се јави неговата сопруга и побара да се избришат снимките. Јас немав контакт со госпоѓата, но го почитував барањето, иако не ја знаев причината“, вели Шерифовиќ.
Имено, неодамна и Ѓорѓе Давид, кој исто така е член на жири-комисијата, откри дека на натпреварувачите им е забрането да изведуваат некои песни, меѓу кои и оние на Балашевиќ.