Андреј Јакимовски и неговиот клуб Универзитет Вашингтон Стејт, не успеаја да се пробијат во следната рунда од завршниот турнир од PAC-12 Дивизијата кој оваа недела се игра во Лас Вегас, САД.
Во четвртфиналето, беа запрени од вториот носител на турнирот, екипата на УКЛА, славеа популарните Бруинс со (75:65).
По заслуга на далеку подобро одиграната прва четвртина која ја добија во своја корист со (40:28).
А Јакимовски беше најефикасниот играч во редовите на Кугарс. Нашиот млад репрезентативец реализираше 15 поени, со одлична реализација во путот од поле (3/5 за три и 2/3 за два поени, и стонастотни 2/2 од линијата за слободни фрлања).
Освен тоа крилото на Вашингтон Стејт имаше и четири скока и една загубена топка за 27 минути поминати на теренот. Недоволно како седми носители, за првпат од 2011 година да се пробијат во полуфиналето на турнирот во Лас Вегас.