Ли: Важно е да се поддржат Украина и Русија во преговорите за прекин на огнот

1 min read

Кинескиот премиер Ли Кечијанг изјави дека ситуацијата во Украина е „загрижувачка“ и дека е важно да се поддржат Украина и Русија во преговорите за прекин на огнот.

Говорејќи на прес-конференција на крајот од годишната парламентарна сесија, Ли не одговори директно на новинарски прашања за тоа дали Кина ќе се воздржи од осуда на Русија без оглед што прави таа земја и дали Кина е подготвена да обезбеди дополнителна економска и финансиска поддршка за Русија која се соочува со санкции.

Кина и Русија воспоставија многу блиско партнерство, а Кина одби да го осуди рускиот напад врз Украина или да го нарече инвазија.

Пекинг во повеќе наврати го изрази своето противење на , како што наведува, „незаконските санкции наметнати од Запад кон Русија“, повикувајќи на решение на кризата преку преговори.

kurir.mk

Претходно

Арсовска: Мостот „Михајло Апостолски“ се гради според точно предвидената динамика

Следно

Кинескиот биолошки часовник открива кој орган не ви работи добро

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian