Куп: Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Јуниор КВ

1 min read

Немаше многу време одмор после новата победа во Лигата на шампионите за скопските „црвено-црни“ кои денеска во скопската населба Кисела Вода играа натпревар од Купот на Македонија против екипата на Јуниор КВ.

Играчите на тренерот Давид Дејвис ја оправдаа фаворитската улога славејќи со 40:23 и така в сабота од 12.00 часот против Тиквеш ќе играат за пласман на завршиот Ф4 турнир во Купот.

Сите дилеми веќе по првите 20 минути од мечот кога македонскиот шампион стекна предност од 16:5, а на полувремето беше 21:9.

Прв до пласман за Ф4 во Купот на Македонија обезбеди Бутел кој со 29:23 триумфираше над Струга.

Претходно стружани со 32:30 го елиминираа Аеродром, а Бутел со 25:20 го совлада Скопје во рамките од групата „Б“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што треба, а што не треба да јаде секој хороскопски знак?

Следно

Кирби: Не видовме докази за белоруски трупи во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian