Кирби: Не видовме докази за белоруски трупи во Украина

1 min read

Не видовме никакви индикации дека белоруски трупи или сили се преселиле во Украина, изјави портпаролот Пентагон Џон Кирби, пренесува Би-Би-Си.

– Не гледаме некакво скорешно учество на белоруските сили. Тоа не значи дека не може да се случи или дека нема да се случи, појасни Кирби.

Украина рече дека стравува дека Белорусија би можела да се приклучи на руската инвазија во следните часови – и ја обвини Русија за бомбардирање на белоруско село за да се обиде да ја испровоцира Белорусија да се вклучи. Би-Би-Си информира дека тврдењето не може да го потврди од независни извори.

Според официјалната белоруска нов инска агенција Белта, Белорусија и Русија денеска се договориле Москва наскоро да го снабдува својот сојузник со најсовремена воена опрема. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Куп: Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Јуниор КВ

Следно

ВИДЕО | „Гладни сме“: Отворањето на првиот Мекдоналдс во Русија во 1990 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian