Голем пожар кај Омиш во Хрватска, ангажирани 23 возила и 82 пожарникари

1 min read

Голем шумски пожар избувна синоќа кај Омиш во Хрватска, а неговото гаснење е во тек, јавуваат хрватските медиуми.

Пожарот избувнал кај Шумпетар и Јесенице во областа Омиш, а во гаснењето се ангажирани сите пожарникари од подрачјето на Омиш.

„Со оглед дека на теренот дува силен ветер, се засиливме со пожарникари, па сега местото на пожарот има три јавни противпожарни станици, заедно со тие на Омиш. Вкупно 23 возила и 82 пожарникари го гаснат пожарот”, изјави за Хина, оператор во Противпожарниот и оперативен центар на округот Сплит.

Засега не е познато колкава по0вршина е зафатена со пожарот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украинците создадоа дрон што фрла молотови коктели

Следно

Дневен хороскоп за 11 март: Денес ќе добиете многу љубов од вашите партнери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian