ФОТО | Сара Мејс и во бременоста со стил: Го покажа трудничкото стомаче, блеска од среќа

1 min read

Нашата поп пејачка и харфистка, Сара Мејс, на почетокот на годинава ја израдува јавноста со веста дека по вторпат ќе стане мајка.

Сара е бремена по вторпат, а со водителот Димитар Атанасовски се веќе родители на малечката Илина која едвај чека да стане постара сестричка.

Пејачката сподели елегантни и истовремено прекрасни фотографии на својот инстаграм-профил, на кои се гледа нејзиното трудничко стомаче, но и одличната става и софистицираниот црн фустан со кој позира.

Таа ги сподели фотографиите како се слика во „селфи“ стил, но и покрај нејзиниот матичен инструмент-харфата.

На објавата запиша: „Како ќе снимаш бе трудна?- Еве вака“

Очигледно е дека ништо не може да ја спречи пејачката да ужива во своите редовни музицирања и радост, а бременоста ѝ годи, Сара просто блеска од радост.

Коментарите на фотографијата се полни со позитивна енергија и поддршка за нејзиниот беспрекорен изглед, но и дека изгледа прекрасно во 20тата недела од својата бременост.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Руската амбасадорка во Бугарија реагира: Софија долева масло на огнот

Следно

Промена на правилата во изборот за „Златната топка“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian