Е. Пелистер има најдобра одбрана во Лига Европа

1 min read

Во својот последен 10 натпревар од групната фаза во Лига Европа на домашен терен составот на Е. Пелистер славеше со 30:19 против грчкиот АЕК.

Македонскиот вицешампион во групата „Д“ запиша пет победи, три порази и двапати ремизираше со 12 бодови на втората позиција.

Битолчани предводени од тренерот Жељко Бабиќ во осминафиналето ќе ги одмерат силите против хрватскиот клуб Нексе.

По завршувањето на групната фаза денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави која екипа има најдобра одбрана.

Тоа е Е. Пелистер чии голмани примија само 248 голови или 24,8 по меч. На втората позиција е Висла Плоцк од пОлска со 25,8 примени голови по меч, а на третото место е францускиот Тулуз (26,5 примени голови по меч).

А најдобар напад има данскиот состав на ГОГ со 340 постигнати голови или 34 по меч.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Марија Шерифовиќ: Песните на Балашевиќ се забранети во „Ѕвездите на Гранд“

Следно

„Слободен печат“: Европа не е безбедна, Балканот особено!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian