Бела Хадид за Украина: Тешко е да се слушаат приказните, луѓето минуваат низ терор

1 min read

Манекенката Бела Хадид се огласи со свој став за руската инвазија на Украина и реши, на свој начин, да му помогне на украинскиот народ.

„За мене е многу емотивно кога ги гледам своите пријатели и соработници од Украина, кои вредно работат во Европа – толку блиску, а толку далеку од своите семејства и домови во Украина. Оваа недела сфатив дека луѓето околу мене поминуваат низ терор. Да се слушнат нивните приказни од прва рака е многу тешко. Но, им давам поддршка и стојам покрај секоја личност која е погодена од оваа војна“, вели Бела.

Таа сподели дека целата своја заработка од Модната недела ќе им ја донира на хуманитарните организации кои им даваат помош и засолниште на оние на кои им е потребно – во Украина, но и во другите држави каде моментално има војни.

„Нашите срце и очи мораат да бидат отворени за човечката неправда. Сите нека видат дека сме браќа и сестри едни на други“, стои во нејзината објава на Инстаграм.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Си-Ен-Ен: Трет руски генерал е убиен од украинските сили, соопштија западните власти

Следно

Седум скопски фирми казнети со по седум илјади евра за непочитување на владините одлуки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian