Вучиќ до Харадинај: Ти ќе не бомбардираш или некој друг?

1 min read

Српскиот претседател Александар Вучиќ  реагираше на изјавите на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај за бомбардирањето на Белград, нарекувајќи ги бесмислици.

Откако поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај изјави дека Белград ќе биде бомбардиран ако само еден српски војник влезе во Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека тоа е „глупост“.

-Дали тој или некој друг ќе нѐ бомбардира?, праша Вучиќ.

Српскиот претседател рече дека неговата земја ќе ги зачува мирот и стабилноста и додаде дека армијата може да биде само посилна.

Рамуш Харадинај синоќа за ТВ Дукаѓини изјави дека Белград ќе биде бомбардиран доколку само еден српски војник влезе во Косово.

– Знам дека Американците не дозволуваат ниту еден српски војник да влезе на територијата на Косово. Знам дека Белград ќе биде бомбардиран ако се случи вакво нешто, како во 1999 година. Српското раководство добро го знае тоа. Ако еден српски офицер помине на територијата на Косово, ќе биде бомбардиран Белград, а не која било друга територија, рече Харадинај.

ВИДЕО | Харадинај: Ако само еден српски војник стапне на Косово, ќе биде бомбардиран Белград

Како ќе заврши војната? Американски аналитичар: Ова се двете сценарија, а и двете се опасни

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фон Дер Лејен: Одлучувачки момент за Европа

Следно

ВИДЕО | Шармерот призна: Саша Ковачевиќ изјави дека имал афери со девојките од неговите спотови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian