Патролното обезбедување, односно мобилно обезбедување функционира на терен по претходно дадена дојава од нашите клиенти и се насочува од оперативен центар преку најсофистицирани уреди за конекција, навигација и навремено пристигнување на пријавите , изјави за Утрински брифинг Љубомир Шубара, вработен во патролно обезбедување НИКОБ.
-Случајот со УниБанка е добар пример за тоа како ние функционираме. Ние добивме дојава за вооружен грабеж од нашиот Национален оперативен центар. Функционираме со најсофистираните ситеми моментално што постојат на пазарот. Имаме интегрирани таблет уреди во нашите возила, кои на сама дојава реагираме, вели тој.
Шубара раскажува дека по дојавата за УниБанка интервенцијата траела помалку од 1 минута.
-Располагаме со 90 патроли во Македонија, покринеи се сите градови и од нив 20 се на ниво на Град Скопје, вели Шубара.