ВИДЕО | Шармерот призна: Саша Ковачевиќ изјави дека имал афери со девојките од неговите спотови

1 min read

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ, кој важи за вистински шармер и миленик на женската публика, вчера гостуваше во забавната емисија „Амиџи шоу“, каде призна дека не им одолеал на некои девојките кои се појавиле во неговите видеозаписи.

„Да, имав. Јас бев млад и зелен. Секогаш гледавме да имаме убави девојки во спотовите“, кратко одговори тој на прашањето дали имал авантура со некоја од девојките од неговите видеозаписи.

Претходно, останатите гости во емисијата споделуваа свои љубовни бламажи, па и Саша се надоврза на тоа и реши да сподели една анегдота од неговиот љубовен живот.

„Во една прилика, девојката со којашто се гледав беше кај мене и имаше потреба да оди во тоалет. Бидејќи првпат беше во мојот стан, на враќање ја згреши собата и легна во брачниот кревет на мајка ми и татко ми“, раскажа Саша, потенцирајќи дека не се работи за некоја од девојките од видеозаписите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ до Харадинај: Ти ќе не бомбардираш или некој друг?

Следно

ВИДЕО|Селски фудбал: Навивач во Србија влезе на терен за да се тепа со фудбалери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian