ВИДЕО | Принцот Вилијам е обвинет за расизам по изјавата за војната во Украина

3 mins read

Принцот Вилијам доби бројни критики поради неговата изјава за војната во Украина, која ја спореди со војните во Африка и Азија, а корисниците на социјалните мрежи го обвинија за расизам. Имено, тој изјави дека крвопролевањето во Украина е „невообичаено за Европа, наспроти конфликтите во Африка и Азија“.

Вчера војводата и војвотката од Кембриџ се сретнаа со волонтери во Украинскиот културен центар во Лондон, кои товареа камиони за да испратат хуманитарна помош во Украина.

„За нашата генерација е многу невообичаено да се види ова во Европа. Сите ве поддржуваме. Се чувствувам толку бескорисен“, им рекол Вилијам на волонтерите.

„Принцот Вилијам вели дека конфликтот е „многу невообичаен“ за Европа, за разлика од Азија и Африка.

Како можете да имате илјадагодишна историја на колонијализам, стогодишна војна, да започнете две светски војни, да дозволите повеќекратни геноциди и да бомбардирате десетина нации од 11 септември 2001 наваму и да дадете ваква изјава“, напиша адвокатот за човекови права, Касим Рашид на Твитер.

„Уште една причина повеќе поради која сè уште верувам дека принцот Вилијам го прашал Хари каква ќе биде бојата на кожата на неговиот внук “, напиша политичката аналитичарка, Атима Омара.

Принцот Вилијам и Кејт: Децата веќе прашуваат за војната во Украина, вимателно ги избираме зборовите

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Русија се согласи да дозволи пристап на украински тим до далноводите во Чернобил

Следно

ВИДЕО: Барселона разочара и не успеа да му даде гол на Галатасарај, убедлив пораз на Црвена звезда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian