Штотуку излезе првиот тизер за претстојниот шпионски трилер „Argylle“ со Хенри Кавил и Дуа Липа во главните улоги.
Филмот, во режија на Метју Вон, го претставува и актерското деби на британската пејачка.
Приказната го следи вештиот шпион кој боледува од амнезија и се наведува дека верува дека всушност е успешен автор, а неговата специјалност се шпионските романи.
Филмот е во режија на Метју Вон, а сценариото на Џејсон Фукс, а истиот е заснован на истоимената книга на Ели Конвеј.
Покрај Кавил и Липа, во филмот ќе ги видиме и Брајс Далас Хауард, Сем Роквел, Брајан Кренстон, Кетрин О’Хара, Аријана Дебоз, Роб Дилејни, Џон Сина и Семјуел Л. Џексон.
Тизерот нуди краток увид во филмот во кој Кавил и Липа танцуваат во ресторан или бар. Дуа е облечена во блескав жолт фустан, а препознатливата црна коса за потребите на филмот ја заменила со плава, кратка боб фризура.
Кавил е најпознат по улогите во филмовите „Man of Steel“, „Batman v Superman: Down of Justice“ и „Justice League“ во кои го играше ликот на легендарниот суперхерој Супермен. Неодамна глумеше и во серијата „Enola Holmes“ во продукција на „Netflix“ каде го толкуваше ликот на Шерлок Холмс, а се појави и во хит серијата „The Witcher“ каде го играше ликот на Гералт.
За Дуа Липа ова е првото актерско деби, каде првпат ќе ја видиме во улога на актерка, а не поп-ѕвезда. Да потсетиме, неодамна беше во центарот на вниманието поради обвинувањата за плагијат на еден од нејзините најголеми хитови, песната „Levitating“.