ВИДЕО: Лестер сигурен против Рен, ПСВ и Копенхаген дадоа осум гола

1 min read

Фудбалерите на Лестер во осминафиналната дерби пресметка во Лигата на конференции славеа со 2:0. Во првото полувреме погоди Олбрајтон во 30 минута, а конечниот резултат го постави Ихеначо во судиското продолжение.

Предноста на домашен терен во првите натпревари ја искористија и Бодо Глимт и Олимпик Марсеј кои славеа со идентични 2:1.

Норвешиот тим го совлада АЗ Алкмар додека Марсеј славеше над Базел. Пелегрино и Солбакен погодија за Бодо Глимт, додека голот за надеж на АЗ Алкмар беше дело на Абукал.

Навивачите на Марсеј го слават Аркадиуш Милик кој ги постигна двата гола за домашниот тим во 19 и во 68 минута, додека во финишот Еспозито погоди за Базел.

Најефикасниот натпревар го одиграа ПСВ и Копенхаген давајќи осум гола и патникот во четвртфиналето ќе го одлучат во реваншот бидејќи средбата заврши 4:4.

Копенхаген по првото полувреме имаше водство од 1:3 благодарение на головите на Јоханесон, Биел и Лерагер, но ПСВ успеа да дојде до израмнување со головите на двата гола на Гакпо и едниот на Доан.
Данскиот ти во 78 минута повторно поведе преку Биел, но на пет минути до крајот Захави го израмни резултатот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шмигал: Украина се префрла на воена економија

Следно

Денес се празнува: Свети Порфириј, епископ Гаски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian